Македонската репрезентација до 21 година ја совлада Финска со 1:0

Објавено на 06 Јуни, 2019 во Вести, До 21 год


Македонската репрезентација до 21 година забележа победа против Финска на контролниот натпревар одигран во Трнава, Словачка. Нашата млада селекција предводена од Благоја Милевски беше подобар противник во текот на целиот натпревар и сосема заслужено запиша победа. 

Ване Јованов во 4. минута го постигна голот за победа на нашата селекција. Во првото полувреме, фудбалерите на Милевски создадоа уште неколку прилики за удвојување на предноста, но не реализиравме. Целосно ја контролиравме играта и во продолжението. 

МАКЕДОНИЈА до 21 година: 1. Ристо Јанков, 2. Ване Јованов, 3. Филип Антовски, 4. Тодор Тодоровски, 5. Агрон Руфати, 6. Есмин Личина, 7. Милан Ристовски, 8. Милош Тошески, 10. Давор Здравковски, 19. Кристијан Ацковски, 21. Димитар Митровски;

12. Томас Божиновски, 11. Кристијан Трапановски, 9. Марио Крстовски, 14. Денис Стошиќ, 15. Агон Елези, 16. Енсар Љума, 17. Миле Тодоров, 18. Никола Серафимов, 20. Даниел Миловановиќ; 

- Одигравме одличен натпревар, го надигравме противникот и заслужено победивме. Не искористивме неколку шанси и за убедлива победа. Најважно е дека се уверивме во нашите квалитети против сериозен противник и верувам дека ќе играме сериозна улога во квалификациите. Треба да продолжиме со работа и да веруваме во себе, изјави Димитар Митровски. 



   
   
А репрезентација