Објавено на 28 Мај, 2019 во Вести, До 21 год
Македонската репрезентација до 21 година ги започна подготовките за пријателскиот натпреварот против Финска кој ќе го одиграме во Трнава, Словачка на 6. јуни.
Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Благоја Милевски се соочува со проблеми во составот, откако поради повреда подготовките и контролната пресметка против Финска ќе ја пропуштат Јани Атанасов (Бурсаспор, Турција), Томче Гроздановски (Злате Моравце, Словачка) и Џемал Ибиши (Вардар). Тројцата денеска беа на доплнителни лекарски испитувања, а медицинскиот тим во репрезентацијата потврди дека не се во можност за настап за дуелот со финците. Предводникот на нашата млада репрезентација, Благоја Милевски во составот дополнително ќе вклучи фудбалер(и) од селекцијата до 19 години.
Милевски и неговиот стручен штаб ќе одредат 20. фудбалери кои ќе бидат во составот за натпреварот против Финска по одигрување на селективен меч на 2. јуни на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....