Објавено на 25 Февруари, 2020 во Вести, До 19 год
Македонската репрезентација до 19 години загуби убедливо со 5:1 од соодветната селекција на Грузија во пријателски натпревар одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Нашата селекција за овој натпревар беше ослабена со неиграњето на неколкумина стандардни репрезентативци мешу нив Тошевски, Ибиши, Тодоровски, Тасевски.
Гостите од Грузија дојдоа во водство многу рано, уште во 4. минута кога Капананзде убаво се снајде. Нашите надежи израмнија на 1:1 во 32. минута и тоа од пенал. Стрелец беше Митревски. Но, потоа многу бргу, за две минути, во 35. и 36., гостите преку Моистспрапешвили и Јакобидзе поведуваат со 3:1. Посебно прекрасен гол беше овој вториот на Јакобидзе кога погоди од дваесетина метри. Со тој резултат се замина на пауза.
Во вториот дел избраниците на селекторот на Горан Станиќ се обидоа нешто да сторат, но сепак примија уште два гола и на крај загубија со 1:5. Стрелци на тие два погодока за гостите беа Каријашвили во 65. и Ноникашвили во 79. минута.
За нашата млада репрезентација натпреварот го започнаа Андов, Јанкулов, Димоски, Даути, Митревски, Ѓурковски, Мурати, Воша, Мухарем, Максимов и Николов. На клупата беа Китановски, Ристовски, Николовски, Спахиу, Манев, Бесир, Новевски.
Вториот натпревар се игра в петок, исто така на тренинг центарот „Петар Милошевски“.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....