Објавено на 06 Октомври, 2019 во Вести
Македонската репрезентација до 18 години одигра 3:3 против врсниците од Израел на вториот пријателски натпревар одигран на гостински терен.
Нашата селекција предводена од Шкумбин Арслани водеше со 2:1, но на крајот се спасуваше од пораз откако Методи Максимов го даде голот за 3:3 во 75. минута.
Израел поведе со 1:0 уште во втората минута, но македонската репрезентација преку Леон Игњатов во 10. минута израмни на 1:1. Игњатов постигна ефектен гол од слободен удар. Веќе во 20. минута Миран Салији носи водство за нашата селекција од 2:1.
Во второто полувреме, Израел направи пресврт со головите во 48. и 60. минута, но позитивен резултат за македонските фудбалски надежи донесе Методи Максимов со погодокот за 3:3 во 75. минута.
Македонија до 18 години: Николоски, Далипи, Терзиев, Крстевски, Асани, Николов, Рамани, Илиевски, Салији, Игњатов, Салији; Играа уште: Омерагиќ, Ѓуркоски, Максимов, Станковски, Петејчук и Ќамили;
Првиот дуел меѓу двете селекции заврши со убедлива победа од 3:0 за Израел.