Објавено на 07 Август, 2019 во Вести, До 19 год
Македонската репрезентација до 18 години од 19. до 25. август ќе учествува на силен контролен турнир во Чешка на кој ќе учествуваат домашната селекција на Чешка, Украина и Словачка.
Селекторот на македонската репрезентација до 18 години, Шкумбин Арслани за натпреварите кои ќе се играат во Теплице ќе смета на следните фудбалери:
Голмани: Иван Николовски (Победа), Кристојан Китановски (Вардар); Одбрана: Али Асани (Вардар), Филип Костовски (Њу Старс), Алтрим Јакупи (Шкендија), Александар Ѓурковски (Вардар), Имран Фетаи (Шкендија), Спасе Терзиев (Академија Пандев), Виктор Крстевски (Вардар); Среден ред: Димитар Тодоровски (Работнички), Лука Станковски (Работнички), Иван Николов (Академија Пандев), Муаф Демири (Вардар), Бехар Фета (Њу Старс), Леонид Игњатов (Вардар), Влада Новески (Војводина, Србија), Хамза Рамани (Шкупи), Ерен Парталко (Академија Пандев), Лавдрим Љатифи (Болдклубен, Данска); Напад: Азер Омерагиќ (Вардар), Марио Илиевски (Септември Софија, Бугарија), Методи Максимов (Работнички);
-Турнирот во Чешка ќе биде одлична можност да се видат квалитетите и тимски и индивидуални на репрезентацијата и секој од повиканите фудбалери. После успешниот јунски камп кој го имавме во Дојран, ова е уште една можност да бидеме заедно и да одиграме натпревари против квалитетни противници. Ова е фаза кога се обидуваме да ги одбереме најдобрите во составот, сега имаме неколку нови имиња и очекувам дека ќе донесат квалитет и напредок во нашата игра. Се надевам на позитивни резултати и дуели на кои ќе покажеме квалитет и цврст карактер, изјави селекторот на македонската репрезентација, Шкумбин Арслани.
Првиот натпревар го играме против Украина на 21. август, ден потоа се соочуваме со Словачка.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....