Македонската репрезентација до 16. години против Романија ќе одигра два контролни натпревари

Објавено на 20 Октомври, 2014 во Вести

Националниот тим на Македонија до 16. години ќе одигра два пријателски натревари против репрезентацијата на Романија.

Првиот натревар двете селекции ќе го одиграат на стадионот во Ѓорче Петров во вторник, 21. октомври со почеток во 14.00 часот, додека втората пресметка е два дена подоцна во 11.00 часот на централниот терен во комплексот „Куќа на фудбалот“. Селекторот Вујадин Станојковиќ за оваа репрезентивна акција ги повика следните играчи:

Голмани: Христијан Стевковски (ФК Скопје), Христијан Петковски (ФК Вардар)

Одбрана: Андреј Кировски (ФК Вардар), Оливер Стојменовски (ФК Работнички), Методиј Ѓорѓичков (Академија Пандев), Бојан Илиевски (ФК Пелистер), Стефан Петрушевски (ФК Младост Царев Двор)

Среден ред: Христијан Делевски (Академија Пандев), Дејан Марковски (ФК Вардар), Васко Трајков (Академија Пандев), Марио Наумоски (ФК Металург), Елмаз Елиф (ФК Работнички), Арбен Зејнулаи (ФК Шкендија), Алтан Сефо (ФК Шкупи), Филип Стојчевски (ФК Металург), Михаил Маневски (Академија Пандев)

Напад: Христијан Трапановски (Академија Пандев), Бобан Здравевски (ФК Пелистер), Јани Атнасов (Академија Пандев), Мена Асдрен (Хајдук Сплит), Филип Танески (ФК Вардар), Филип Јовановски (ФК Металург)

-Оваа генерација има потенцијал, но сепак има уште неколкумина фудбалери кои ќе бидат повикани и ќе добијат шанса на следните натпревари. За двата дуели со Романија се повикани неколку нови фудбалери и се надевам ќе го оправдаат повикот. Подготвителниот период ќе трае до почетокот на квалификациите идната година, имаме доволно време да го составиме тимот и низ контролни натпревари да ги селектираме фудбалерите кои ќе го носат товарот на важните пресметки. Романија е квалитетен противник со одлично селектирани фудбалери. Ова е добра прилика и за нашите репрезентативци да покажат дека имаат квалитет, да одиграме храбро и да се избориме за позитивен резултат, истакна селекторот Вујадин Станојковиќ.

До крајот на 2014. година репрезентацијата до 16. години ќе одигра уште четири натревари. На почеток на следниот месец ќе одиграме два натпревари со Црна Гора во Бар, а последна недела од ноември во Стара Пазова ќе се одиграат и два натревари со Србија.




   
   
А репрезентација