Македонската репрезентација до 15 год. поразена со 1-0 од Унгарија

Објавено на 23 Април, 2015 во Вести, До 17 год

Репрезентацијата на Македонија до 15 години го одигра вториот контролен натпревар против селекцијата на Унгарија. На тренинг центарот на Унгарската фудбалска репрезентација нашата млада селекција беше поразена со 1-0.

Избраниците на селекторот Добринко Илиевски одиграа далеку поквалитетен натпревар од првиот, одлично и парираа на моќната репрезентација на Унгарија, но немаа среќа. Невниманието на нашата одбрана во последните минути го искористи Унгарија и преку Бузас Герго успеа да постигне гол за победа на овој натпревар.

„ Генерално сум задоволен од прикажаното и на двата натпревари. На денешната средба покажавме поголем карактер, одлично им париравме на Унгарците кои имаа на располагање 22 играчи кои беа ставени во игра по едно цело полувреме. Примивме несреќен гол директно од корнер. Имавме и ние свои шанси за постигнување на гол кои за наша несреќа не успеавме да ги реализираме.

Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 15 години, Добринко Илиевски дуелот го започна во следниот состав: Лука Наков, Виктор Ризанковски, Јакуп Бериша, Елвир Рамиќ, Марио Наумовски, Марко Ѓорѓиевски, Енис Фазлагиќ, Бојан Колевски Цап, Кристијан Антонов, Алтин Сефо, Васил Крстев.




   
   
Актуелности

30.12.2024    Вести

Новогодишно интервју со Масар Омерагиќ - Претседател на ФФМ

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...

27.12.2024    Вести

Горан Станиќ нов селектор на Македонија до 21 година

Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....

Календар
А репрезентација