Македонската паралелка издвојува нова победа над паралелката од Словенија

Објавено на 18 Декември, 2014 во Вести, Фудбалска академија

Фудбалските паралелки на Македонија и Словенија го одиграа вториот контролен натпревар на тренинг центарот „Петар Милошевски" во комплексот „Куќа на фудбалот". Победа од 1-0 славеше македонската паралелка.

Фудбалерите од Македонската паралелка одиграа нов квалитетен натпревар и сосема заслужено остварија нова победа над словенечката паралелка. Победничкиот гол беше дело на Кудијан Андреј во 23 минута од средбата. Паралелката предвовена од Марио Вујовиќ пропушти уште неколку одлични прилики за да оствари поубедлива победа.

Марио Вујовиќ, предводникот на фудбалската паралелка од Македонија, средбата ја започна во следниот состав: Бовески Слободан, Перчинковски Игор, Јефтовски Стефан, Георгиески Иван  (Николоски Кристијан 51 минута), Аломеровиќ Дин, Крстевски Филип  (Андонов Дарко 90 минута), Здравковски Давор  (Кремчевски Димитар 90 минута), Амети Бунјамин  (Халими Ментор 69 минута) , Трајковски Горан  ( Ибраими Фатјон 46 минута) , Кудијан Андреј  (Шопоски Саше 41 минута), Стојменов Кристијан  (Глигороски Никола 89 минута).

Тренерот на словенечката паралелка Дејан Јелникар, дуелот го започна во состав: Арх Кристијан ( Смрколиќ Уик 64 минута), Јапич Матип, Пиноза Александер (Хумар Зан 68 минута), Клеменчич Марко, Оман Тим (Белгијан Грегор 80 минута), Марветич Тил, Кухар Обзеј, Мај Валтер (Броднак Нејк 53 минута), Козар Јака, Колар Патрик, Кебе Зика (Крегар Оскар 29 минута).




   
   
А репрезентација