Македонската футсал селекција на двомеч против Србија од квалификациите за ЕП

Објавено на 03 Март, 2021 во Вести, Футсал


Македонската футсал репрезентација в петок против Србија во Врање ќе го одигра натпреварот од третиот круг од квалификациите за Европското првенство. Три дена подоцна во С.Ц. “Јане Сандански” ќе го одиграме возвратниот дуел со Србија. 

Нашата најдобра футсал селекција освои бод на воведните два меча. Загубивме со 2:1 против БиХ на гости, а на домашен терен одигравме 2:2 против Романија. 

Селекторот Васко Скендеровски за двомечот со Србија нема да смета на Даниел Де Соуса поради повреда, а неизвесни за настап се и Ранготов и Крстевски. Во конкуренција за настап се следните играчи:

Голмани: Антонио Петровски (СК Проект Цујо), Иван Стојановски (Шкупи);

Одбрана: Реџеп Сулејмани (Шкупи), Таулант Исмаили (Арбен Бајрами), Ферид Агуши (Шкупи), Драган Петровиќ (Шкупи), Орхан Ибиши (Приштина Мабетекс, Косово), Харис Омеровиќ (Арбен Бајрами);

Напад: Иван Крстевски (СК Проект Цико), Игор Леовски (Славија Прага, Чешка), Адријан Мицевски (Бетон бојс, Германија), Дарко Ранготов (СК Проект Цико), Мартин Калчевски (Велес), Петар Даиловски (Железарец), Еркан Сефери (Шкупи), Јакуп Рамадани (Арбен Бајрами), Џокица Арсовски (Стуттгартер, Германија); 

- Не очекуваат два исклучително тешки натпревари против петтата најдобра селекција во светот. Хендикеп за нас е отсуството на еден од нашите најдобри играчи, Даниел Де Соуса, како и повредите на Крстевски и Ранготов. Исто така, поради Ковид протоколите тимот се комплетираше пред два дена, но се додека постојат шанси нема предавање и ќе се обидеме да направиме изненадување на овие два натпревари со што би ни се отворил патот за Европското првенство. Како што ветив и минатиот пат, продолжува трендот на подмладување. На овој собир вклучивме тројца дебитанти за да ја почувствуваат атмосферата во националниот тим. Овие натпревари се голем притисок за Србија, освоија само бод, а беа посочени како топ фаворити во групата и можеби тука е нашата шанса за изненадување, изјави селекторот Васко Скендеровски. 



   
   
А репрезентација