Македонската футсал репрезентација со победа го отвори претквалификацискиот турнир за ЕП

Објавено на 30 Јануари, 2020 во Вести, Футсал


Македонската А футсал репрезентација со победа од 1:0 го отвори претквалификацискиот турнир за пласман во главната натпреварувачка фаза за место на Европското првенство. 

Во 1. коло од турнирот кој го организира Фудбалската федерација на Македонија во СЦ “Јане Сандански”, селекцијата предводена од Васко Скендеровски славеше против Велс со 1:0. 

Македонската репрезентација имаше апсолутна доминација во текот на целиот натпревар упатувајќи дури 47 удари кон голот на противникот. Даниел Де Соуса во 23. минута го даде погодокот за победа. 

Нашата селекција за првото место во групата кое носи пласман во главната фаза квалификации за ЕП ќе се соочи со Норвешка. 



   
   
А репрезентација