Објавено на 14 Септември, 2024 во Вести
Македонската аматерска репрезентација учествува на турнирот “УЕФА Купот на региони” што се одржува во Стара Позова, Србија.
Овој репрезентативен тим го предводи селекторот Жанко Савов, кој на овој турнир отпатува со 18 фудбалери.
Македонија првиот натпревар го одигра против Војводина, додека во вториот се соочува со Западна Словачка, кој е закажан за 16 септември од 12:00. Последниот натпревар со Тим Рханбаррол од Велс го играме на 19 септември 16:00.
Македонија: Ангел Кочев, Антонио Столески, Никола Сарески, Давид Спасов, Кристијан Јордановски, Кристијан Крклински, Христијан Митревски, Муарем Мислими, Хебиб Саити, Христијан Бејков, Дамјан Ангеловски, Кирил Неделков, Ники Зумроски, Влатко Стојановски, Стефан Богојески Јовица Радевски, Давид Дебреслиоски.