Објавено на 23 Септември, 2022 во Вести, Вести
Македонската А репрезентација е поразена од Грузија со 2:0 на претпоследниот натпревар во групата од УЕФА Лигата на нации. Избраниците на Благоја Милевски, повторно одигра одличен натпревар, создадовме голем број шанси, ги имавме статистичките бројки во наша корист, кога резултатски минавме лошо. Грузија го потврди првото место во групата.
Натпреварот во Тбилиси започна со спорен момент во домашниот казнен простор. Квирквелија го нагази Спировски, но играта не беше прекината. Неколку минути подоцна нашите фудбалери одново бараа пенал, сметајќи дека имаше игра со рака при блокираниот удар на Алиоски, но Словакот Кружлиак повторно одмавна со рака.
Најзрелата шанса во првиот дел ја имаше Стефан Спировскиво 21. минута. Елмас го проигра Спировски, кој биеше од далечина, но Мамардашвили ја впиша првата интервенција на натпреварот. Веднаш потоа се закани и Барди од слободен удар, но домашниот голман беше на висината на задачата.
Грузија по половина час дојде до предност. По една акција по корнер, Квича Кваратшкелија влезе во опасната зона и силно центрираше, а Бојан Миовски несреќно ја смести топката во нашата мрежа.
Во вториот дел, Елмас на почетокот повторно го стави на маки Мамардашвили, но неговиот удар заврши покрај левата статива, каде што завршии по ударот на Алиоски неколку минути подоцна. Во 55. Минута, Кваратшкелија силно биеше кон голот на Димитриевски, но за малку не беше прецизен.
Но, неколку минути подоцна Велковски направи грешка во фазата на започнување на напад и Грузијците искусно тоа го казнија. Зивзивадѕе, тргна во контранапад и го проигра Квича Кваратшкелија кој погоди во празната мрежа за 2:0 и стави крај на сите наши надежи за поволен резултат во Тбилиси.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....