Објавено на 12 Ноември, 2019 во Вести, Вести
Во полн состав, македонската А репрезентација ги продолжува подготовките за последните два квалификациски натпревари од циклусот за ЕУРО 2020 против Австрија (16. ноември, „Ернст Хапел“, Виена) и Израел (19. ноември, Национална арена „Тодор Проески“).
На нашиот најдобар национален состав денеска му се приклучија капитенот Горан Пандев, Илија Несторовски, Столе Димитриевски и Енис Барди. Повратникот во А репрезентацијата, Никола Ѓорѓев од швајцарски Грасхоперс вели дека треба да излеземе храбро на теренот против австријците и сите заедно како тим да ги завршиме квалификациите со што е можно подобар резултатат.
- Горд сум што пак сум дел од репрезентацијата. Задоволен сум од формата во која се наоѓам, одиграв петнаесетина натпревари, дадов неколку голови и асистенции. Добро се чувствувам и среќен сум што пак сум тука“.
- „Треба да излеземе храбро на теренот, сите заедно како тим и да ги завршиме квалификациите со што е можно подобрар резултатат. Знам дека не треба да се плашиме од Австрија, иако го знаеме нивниот квалитет, но и ние имаме добри фудбалери и ќе ја чекаме шансата. Ќе видиме како ќе изгледаме тактички, но треба да бидеме трпеливи и доколку ни се укаже шанса да ја искористиме максимално“, изјави Никола Ѓорѓев.
Марио Младеновски, младиот дефанзивец на Вардар вели дека ќе биде исклучително мотивиран и среќен доколку добие шанса за настап.
- Чест е ако добијам шанса на еден од двата натпревари. За еден млад фудбалер многу значи ако добие прилика да игра пред полн стадион. Во овие два меча треба да влеземе максимално мотивирани за да ги добиеме. Првиот меч со Австрија ќе биде тежок, имаат одлични фудбалери, но ние ќе се обидеме да го дадеме максимумот, изјави Младеновски.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....