Објавено на 03 Март, 2020 во Вести, Вести
Денеска во Амстердам, УЕФА го одржува редовниот Конгрес, а потоа следува извлекувањето на групите за второто издание од Лига на нации.
Македонската репрезентација ждребот во Амстердам го дочекува од групата Ц во ист сад со Косово, Белорусија и Кипар, репрезентации против кои не можеме да играме во иста група.
Грција, Албанија, Црна Гора и Грузија се еден од нашите можни противници од првите носители во Ц сегментот од новото издание на Лига на нации. Естонија, Словенија, Литванија и Луксембург се можни противници за Македонија од третиот сад во Ц групата, а последниот противник во нашата група ќе се бара меѓу селекциите на Ерменија, Азербејџан, Казакхстан и Молдавија.
Извлекувањето е закажано со почеток во 18:00 часот, по завршувањето на 44. Редовен Конгрес на УЕФА. Делегацијата на Фудбалската федерација на Македонија ја предводат претседателот Муамед Сејдини и потпретседателот Лазар Ракиџиев. На извлекувањето ќе им се придружи и селекторот на А македонската репрезентација, Игор Ангеловски.
На дневен ред на Конгресот на Европската фудбалска асоцијација се наоѓа годишниот извештај, избор на еден член на Извршниот одбор и Совет на ФИФА и ратификација на составот на телата на УЕФА.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....