Објавено на 14 Октомври, 2023 во Вести, Вести
Македонската A фудбалска репрезентација загуби со 2:0 од селекцијата на Украина, на „Епет“ арената во Прага, во квалификациите за пласман на ЕП 2024.
Македонија одиграа храбро и борбено, со отворена игра против силен противник, но немаше среќа особено во завршницата. Репрезентацијата на Украина успеа да ги искористи своите можности и успеа да слави многу битна победа во борбата за тоа второто место во групата квалифкациската група Ц.
Украина прва се закани и тоа преку Довбик, но Столе Димитриевски одлично интервенираше. Македонија преку Елези во 14.минута го упати првиот удар. Играчот на Челзи Мудрик, се закани по нашиот гол, но Столе Димитриевски повторно одлично беше поставен и добро интервенираше. Миовски во 22. минута ја имаше нашата најдобра приликила, кога се најде сам пред противничкиот голман, но не успеа да погоди. Судаков во 30. минута со удар од далечина ја доведува Украина во предност од 1:0.Во 53. минута нова одлична можност за нашите фудбалери. Чурлинов се најде во одлична ситуација да погоди, но украинскиот голман уште еднаш фантастично брани.
Караваев со гол во последните мигови од мечот ги поставува конечните 2:0.
Македонија: Димитриевски, Манев, Муслиу, Серафимовски, Ашковски, Алиоски, Атанасов, Барди, Елези, Елмас, Миоски;Селектор: Благоја Милевски