Објавено на 31 Август, 2020 во Вести, Вести
Македонската А репрезентација ги започна подготовките за натпреварите против Ерменија и Грузија од новото издание на Лига на Нации. Селекторот Игор Ангеловски смета дека фудбалерите ќе бидат подготвени со победа да ја отворат новата Лига на Нации.
„Среќни сме што повторно сме заедно. Сите знаеме дека нашето заедништво нè краси веќе подолго време и токму тоа заедништво ни донесе и резултати во последните години. Паузата е долга, но јас не гледам во минатото, туку гледам што нè чека – тоа се дуелите со Ерменија и Грузија. Без разлика на ситуацијата и долгата пауза, спремни се да го дадеме максимумот на овие натпревари. Прво, нашите мисли ќе бидат насочени кон Ерменија. Да влеземе максимално мотивирано со цел овие Лига на нации да ги отвориме со победа, а со тоа и што подобро да се подготвиме за натпреварот што нè чека за еден месец против Косово, тука во Скопје“, вели Ангеловски.
Напаѓачот Влатко Стојановски кој оваа сезона како позајмен фудбалер ќе настапува за Шамбли, е среќен што повторно е во друштво со најдобрите македонски фудбалери и верува на позитивни резултати во првите два натпревари од Лига на Нации.
„За секој фудбалер чувството е одлично да биде дел од својата репрезентација. Очекувам добри резултати на овие два натпревари. Македонија игра колективно, сплотени сме и сметам дека може да постигнеме поволни резултати. Имавме долга пауза, но уверен сум дека секој од нас работеше индивидуално и сигурен сум дека сите ќе бидеме на висината на задачата“, вели Стојановски.Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....