Објавено на 13 Мај, 2017 во Вести
Каменица Саса ја доби својата „Куќа на Спортот". Денеска официјално беше пуштен во употреба објектот наменет за фудбалските екипи и спортски работници. Со свеченото отворање Македонска Каменица доби нов, модерен спортски центар, се со цел остварување подобри резултати во иднина.
На отворањето присуствуваше и генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски, а по повод отворањето на „Куќата на спортот“, ветераните од ФК „Каменица-
Саса“ и поранешни репрезентативци на Македонија одиграа ревијален фудбалски натпревар.