Македонија (жени) забележа победа со 4:2 против Молдавија на гостувањето во Кишињев

Објавено на 05 Јуни, 2024 во А репрезентација жени


Женската репрезентација на Македонија славеше победа од 4:2 на гостувањето во Кишињев против домашната Молдавија во рамките на третото коло од Групата 2 во Лигата Ц за пласман на Европско првенство кое 2025 година ќе се одржи во Швајцарија.
Капитенот на Македонија, Наташа Андонова одигра фантастичен натпревар и беше стрелец на два гола во победата над Молдавија, Андреевска постигна еден. Првиот гол на средбата беше автогол.
Во досегашниот тек од квалификациите, репрезентацијата предводена од Александар Андов имае скор од две победи, еден нерешен резултат и еден пораз.













   
   
А репрезентација