Објавено на 12 Јули, 2024 во Вести, А репрезентација жени
Женската А репрезентација на Македонија забележа пораз со 2:1 на домашен терен против селекцијата на Летонија во рамките на претпоследното коло од групата 2 (Лига Ц) од квалификациите за пласман на Европското првенство кое 2025 година ќе се одржи во Швајцарија.
Избраниците на селекторот Александар Андов не успеаа по втор пат во овие квалификации да слават победа над противникот, кој одигра добар натпревар и заслужено забележа победа со гол во последните мигови од средбата.Стрелец на првиот погодок на денешната средба беше Полуховича во последните моменти од првото полувреме, искористувајќи го максимално нашето невнимание во одбраната.
Голот за израмнување на резултатот го постигна Наташа Андонова со прекрасен удар од далечина во судиското продолжение.
Шевчова со гол буквално во последната секунда од мечот ги постигна конечните 2:1 за селекцијата на Летонија.
Во првиот натпревар одигран помеѓу овие две селекции, Македонија на гости издвојува победа со 4:3.
Македонија: Кабакчи, Панеска, Николовска, Милчевска, Недева, Андреевска, Мустафа, Нацева, Марковска, Андонова, Максути;
Селектор: Александар Андов;