Објавено на 31 Мај, 2024 во Вести, А репрезентација жени
Нашите фудбалерки може да жалат за конечниот исход на оваа средба, со оглед на тоа што беа подобар противник на теренот и не успеаа да искористат неколку изгледни можности за погодок. На 4 јуни, на стадионот Зумру во Кишињев, со почеток во 19. часот, не очекува нов натпревар со истиот противник во рамките на 4. коло од квалификациите.
По првите 45. минути, Македонија беше противникот кој ја имаше иницијативата и поседот на топка, противникот беше насочен кон одбраната и се обидуваше да се закани по нашиот гол преку контра напади. Македонските фудбалерки се заканија во неколку наврати опасно по голот на Молдавија, но без реализација. Најопасни по голот на противникот беа Јилза Максути, Марјана Нацева и капитенот Наташа Андонова.
Во продолжението од средбата, Македонија сосема заслужено преку Јилза Максути во 52. минута доаѓа во предност од 1:0. Радоста на нашите фудбалерки траеше кратко бидејќи Молдавија во 55. минута успеа преку Табур да го израмни резултатот.
Квалификации за пласман на ЕП (жени);
Тренинг центар „Петар Милошевски";
Група 2 (Лига Ц);
МАКЕДОНИЈА - МОЛДАВИЈА 1:1 (0:0)
Македонија: Берна Кабакчи, Ане Бошеска, Павлинка Николовска, Јилза Максути, Александра Марковска, Наташа Андонова, Марјана Нацева, Елена Панеска, Ленче Андреевска, Симона Мајер, Ана Милчевска;
Резерви: Викторија Панчурова, Кристина Павлоска, Лора Сулејмани, Веса Села, Кристина Мојсоска, Хава Мустафа, Афродита Салихи, Радица Велкова, Едина Мехмеди, Христина Јошевска, Икмете Лимани, Елена Петровска;
Селектор: Александар Андов;
Македонската женска селекција во отворањето на квалификациите за пласман на ЕП забележа победа над Летонија на гостински терен со 4:3. Во второто коло, Словенија триумфираше со 5:0 против нашите фудбалерки.
Во досегашниот тек од квалификациите, Македонија имаа освоено четири бодови.
Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...
Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....