Македонија во група со Португалија, Холандија и Андора во футсал квалификациите за Евро 2026

Објавено на 30 Мај, 2024 во Вести, Футсал


Денеска беше извршена ждрепка за квалификациите за УЕФА футсал ЕУРО 2026.
40 репрезентации ќе се борат
 за пласман на натпреварувањето. Селекциите учесници во извлекувањето беа поделени во 10 групи со четири репрезентативни селекции.
Македонија се најде во групата 7 заедно со Португалија, Холандија и Андора.

Квалификациските натпревари за футсал настанот на ЕП 2026 ќе се играат од декември 2024 до април 2025 година.

Летонија и Литванија како организатори на ЕП 2026 обезбедија по едно место автоматски, додека десетте победници на групите ќе се квалификуваат за овој настан, а осумте втори во групата ќе играат во плеј-оф.

Квалификациските натпревари започнуваат на 9 декември 2024 година и завршуваат во април 2025 година.

Европското првенство во футсал во Летонија и Литванија започнува на 18 јануари, а завршува на 8 февруари 2026 година.



   
   
Актуелности

30.12.2024    Вести

Новогодишно интервју со Масар Омерагиќ - Претседател на ФФМ

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...

27.12.2024    Вести

Горан Станиќ нов селектор на Македонија до 21 година

Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....

Календар
А репрезентација