Објавено на 09 Октомври, 2022 во Вести, Вести
Македонската репрезентација ги дозна ривалите во квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство 2024 година во Германија.
Македонија ќе игра во групата Ц со последните финалисти од Европското првенство 2020, Италија и Англија. Во нашта група е Украина, а од последниот барабан ја добивме селекцијата на Малта.
ГРУПА Ц: Италија, Англија, Украина, Македонија, Малта
Македонија се надева на втор последователен настап, по оној на ЕУРО 2020. Во претходните квалификации, нашиот тим заврши на третото место и играше во група со репрезентациите на Послка, Австрија, Словенија, Израел и Летонија.
Предводникот на македонската селекција, Благоја Милевски најави голем фудбалски предизвик за репрезентацијата.
„Фудбалски предизвик за сите нас. Ја добивме најтешката можна група. Веројатно и сами да биравме, посилни противници немаше да можевме да избереме. Но, ние веќе се навикнавме на ваква среќа. Ги добивме финалистите од последното Европско првенство и апсолутни фаворити за првите две места во групата. Се разбира дека ќе ја бараме нашата шанса и ќе се обидеме да останеме конкурентни до самиот крај, а објективните околности ќе покажат дали може да се надеваме на висок пласман. Групата е пеколно тешка, а такви ќе бидат и натпреварите. Наше е да веруваме во себе“, изјави Милевски.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....