Објавено на 26 Јули, 2015 во Вести, Вести
На ждребот кој се одржа во Санкт Петерсбург, македонската А репрезентација беше извлечена во една исклучително тешка, но и атрактивна група.
По Евро квалификациите, Македонија повторно ќе се сретне со Шпанија и во разигрувањето за одредување на патниците на светското првенствпо во Русија во 2018 година. Македонската репрезентација во рамки на овие квалификации за прв пат ќе игра со Италија, атрактивен, но и исклучително силен противник,
- Добивме извонредно атрактивни ривали, како Шпанија и Италија, кои сигурно се селекции со огромен рејтинг. Ги имаме и Албанија, Израел и Лихтенштајн за ривали, и од сегашен агол можам да ветам дека Македонија ќе игра храбро и одважно против сите, и ќе се бори да се пласира на што е можно повисоко место на табелата. Стартуваме од петтиот шешир, но сигурно дека ќе сториме се со идните резултати да направиме забележителен напредок и во иднина да се стремиме кон четвртиот, но и третиот шешир. Се надевам дека со макотрпна работа и со бележење на многу подобри резултати ќе одиме напред. Во моментов сме комплетно фокусирани на преостанатите мечеви од овој циклус за ЕП во Франција - истакна селекторот Друловиќ.
Од страна на УЕФА веќе се одредени и датумите и времето на одигрување на сите натпревари. Нашата репрезентација го има следниот распоред:
5. септември, 2016 г. 20:45ч. Албанија - Македонија
6. октомври, 2016 г. 20:45ч. Македонија - Израел
9. октомври, 2016 г. 20:45ч. Македонија - Италија
12. ноември, 2016 г. 20:45ч. Шпанија - Македонија
24. март, 2017 г. 20:45ч. Лихтенштајн - Македонија
11. јуни, 2017 г. 20:45ч. Македонија - Шпанија
2. септември, 2017 г. 20:45ч. Израел - Македонија
5. септември, 2017 г. 20:45ч. Македонија - Албанија
6. октомври, 2017 г. 20:45ч. Италија - Македонија
9. октомври, 2017 г. 20:45ч. Македонија - Лихтенштајн
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....