Објавено на 28 Март, 2017 во Вести, Вести
Македонската А репрезентација ја победи Белорусија со 3:0 на пријателскиот натпревар на Националната арена во Скопје. Нашиот најдобар репрезентативен тим одигра квалитетно, во текот на целиот меч
доминираше и заслужено славеше убедлив триумф.
Стефан
Спировски постигна гол за водство во 40. минута, потоа следуваа двата
гола на Пандев во 61. и во 70. минута. Најпрвин на капитенот му асистираше
Тричковски, а за вториот гол асистент беше Алиоски.
МАКЕДОНИЈА – Белорусија 3:0 (1:0)
Пријателски натпревар / Национална арена „Филип Втори“
Стрелци: 1:0 - Стефан Спировски (40`), 2:0 - Горан Пандев (61`), 3:0 - Горан Пандев (69`);
МАКЕДОНИЈА: 1. Столе Димитриевски 4. Кире Ристевски, 5. Даниел М0јсов, 6. Ванче Шиков, 8. Езџан Алиоски (Чурлинов 83`), 9. Александар Трајковски (Тричковски 56`), 10. Горан Пандев (Трајчевски 73`), 13. Стефан Ристовски, 17. Остоја Стјепановиќ (Ибраими 83`), 20. Стефан Спировски (Тошевски 78`), 23. Илија Несторовски (Ејупи 78`);
Белорусија: 1. Александар Хутар, 2. Станислау Драхун, 5. Јанис Палијаков, Сиархеј Паличевич (Ставиш), 8. Павел Савитцки, 9. Ихар Сташевич, 14. Јуриј Кендиш, 15. Сиархеј Кишљак, 17. Михаил Сиваков, 20. Витал Радионов (Сихович 59), 23. Валоцко;
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....