Објавено на 11 Февруари, 2020 во Вести, До 17 год
Фудбалската Федерација на Македонија води посебна грижа за младите селекции, а за што подобра подготовка за предизвиците што ги чекаат надежите, за месец февруари се закажани по два контролни натпревари за репрезентациите У17, У18 и У19.
Селекцијата на Македонија У17 ќе одигра двомеч на гостински терен со селекцијата на Босна и Херцеговина. Репрезентацијата составена со играчи родени во 2004 година предводена од селекторот Драган Канатларовски првиот тест со врсниците на БиХ ќе го одигра во среда (12.02.2020), а вториот контролен натпревар е закажен за 14.02.2020.
Двомеч Македонија-Босна и Херцеговина и за репрезентациите У18. Нашите надежи, генерација на играчи родени во 2002 година предводени од селекторот Шкумбин Арслани во Скопје ќе ги одмерат силите со врсниците од босанската селекција на 18 и 20 февруари.
Во меѓувреме за месец февруари закажани се два тест натпревари и за селекцијата на Македонија под 19 години. Противник на репрезентацијата У19 која ја води селекторот Горан Станиќ ќе биде соодветната селекција на Грузија, а натпреварите се закажани за 25 и 28 февруари во Скопје.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....