Објавено на 24 Март, 2018 во Вести, До 19 год
По
поразот од селекцијата на Унгарија со 3:4 (2:2) нашите млади фудбалери ги
загубија и теоретските шанси за пласман на Европското Првенство за играчи до 19
години. Имавме голем број на удари кон противничкиот гол, целосна доминација во
второто полувреме. Но кога не сака топката во гол не сака. Несреќата да биде
поголема во 57 минута не реализирвме и удар од единасет метри. Унгарија
буквално пет пати упати удар кон нашиот гол и постигна четри погодци. Стрелци
на головите за фудбалерите во бели
дресови беа: Моши (2), Шон (35), Листјак
(61) и Баварди (82 минута).
Ефикасно прво полувреме крунисано со четири погодоци. Унгарија мошне рано стигна до водство. По слободниот удар од левата стрна, топката несреќно од стативата се одби до Мошчи кој без проблеми им донесе водтво на гостинските фудбалери. Нашите млади фудбалери мошне брзо се вратија во вистински колосек и во периодот од неколку минути создава неколку полушански. Прво пробив на Митровски без завршница, потоа нафрлена топка од Тодровски, но двајца наши фудбалери ја промашуваат во скокот, по што следуваше ударот на Тодровски над голот на Бесе. Во 11 минута продор на Тодоровски од денсата страна, топката стигнува до Атанасов, кој милемтарски точно го пронаоѓа Колевски за израмнување на резултатот. Во 23 минута македонските млади фудбалери преку идентична акција со истите актери можеа да стигнат до ново водство. Овој пат Колевски биеше над голот. До крајот на првото полувреме видовме уште два погодци. Во 35 минута грешката на нашата потесна одбрна ја казни Шон. Додека во судиското продолжение, Димитар Митровски ни донесе нерешен резултат на полувремето.
Како на филмска лента се редеа нашите шанси во продолженето на средбата. По прекршокот над Јани Атнасов, истиот фудалер ја презема одговорноста да го шутира пеналот, но за жал не и да го реализира. Во 63 минута за прв пат на средбата водиме. Елмас издржа еден дуел на средината, по што Колевски го матира Бесе. Пет минути подоцна пеналот за гостите го реалзира Лустјик, а победата на нашите пртивници им ја донесе Баварди.
Селекторот Вујадин Станојковиќ натреварот го започна со следните единасетмина: Христијан Стевковски, Тодор Тодровски, Михаил Маневски, Агрон Руфати, Филип Трајановски, Јани Атансов, Елиф Елмас, Димитар Митровски, Кристијан Трапановски, Енис Фазлагиќ и Бојан Колевски. Во втрото полувреме за Македонија во игра влегоа: Дарко Чурлинов, Филип Стојчевски и Марко Александар Фаруковски.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....