Објавено на 17 Октомври, 2023 во Вести, Вести
Македонската фудбалска репрезентација ја совлада Ерменија со 3:1 на контролниот натпревар одигран во Струмица на стадионот „Благој Истатов.
И покрај врнежливото време и тешките услови за игра, нашите фудбалери покажаа дека се подобри од ривалите, а особено расположен беше Елиф Елмас кој учествуваше во трите гола.
Ѕвездата на Наполи не постигна ниту еден гол во победата од 3:1, но најпрво му асистираше на Трајковски, потоа го погоди дирекот пред Ристовски да погоди за 2:0, а асистираше и во ситуацијата кога Даци погоди за 3:0.
Во самиот финиш, избраниците на Благоја Милевски примија гол по еден прекин, па Ерменците постигнаа почесен погодок во 94-та минута.
Од првата минута селекторот Благоја Милевскисе реши за осум измени во однос на составот од дуелот со Украинците во Прага. Шанса меѓу стативите доби Шишковски, пред него играа Муслиу, Серафимов и Иљазовски. На средината од теренот застанаа Адеми и Алими, десно беше Димоски, а лево Трајковски. Во средниот ред беше Димитар Митровски, додека во нападот се најдоа Елмас и Милан Ристовски.
Победата е одлична за Македонија, бидејќи во ноември,„рисовите“ треба достојно да се претстават против Италија во Рим и Англија во Скопје.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....