Објавено на 27 Мај, 2016 во Вести, До 21 год
Македонија до 21 година ја победи Украина со 2-0 во квалификацискиот натпревар за пласман на Европското првенство. Марјан Радески и Бесир Демири беа стрелци на головите во Киев на славниот „Валери Лобановски“. Со големиот триумф, избраниците на Благоја Милевски се израмнија со Исланд и се само на два бода од лидерот Франција пред завршницата на циклусот квалификации за Евро 2017 во Полска.
Брилијантната тактичка поставеност и максималната реализација на шансите на нашата репрезентација беа клучот на натпреварот во Киев. Украина имаше јалова иницијатива и напади без конкретни шанси и проблеми за нашата одбрана.
Во 17. минута Марјан Радески ја погоди мрежата по асистенција на Давид Бабунски, а до крајот од полувремето двапати се обиде фудбалерот на Црвена Звезда и еднаш Бобан Николов. Во првиот дел Украина најдобрата прилика ја имаше преку Зубков, а на висина на задачата беше и нашиот голман Игор Алексовски.
Во 56. минута 2:0 за Македонија. Акцијата на Бабунски и Пивковски ја реализираше Бесир Демири и ја донесе Македонија до голема победа.
Шанса за трет гол имаше Даниел Аврамовски во 63. минута, но неговиот обид го одбрани украинскиот голман Пидкивка.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2017 до 21 година (7. коло)
УКРАИНА – МАКЕДОНИЈА 0-2 (0-1)
Стадион „Валери Лобановски“ во Киев. Стрелци: Радески 17’ и Демири 56’ (М).
УКРАИНА: Пидкивка, Лукајчук, Сваток, Качараба, Данченко, Циганков, Вачиберадзе, Зубков, Собољ, Швед, Бесеник, Лучкевич; Селектор: Александар Головко
МАКЕДОНИЈА: Алексовски, Бејтулаи, Зајков, Велковски (72’ Муслиу), Демири, Мурати, Николов, Барди, Бабунски (62’ Аврамовски), Ангелов (47’ Пивковски), Радески; Селектор: Благоја Милевски
ТАБЕЛА: Франција (7 натпревари) 14 бода, МАКЕДОНИЈА (7) 12, Исланд (6) 12, Шкотска (6) 8, Украина (6) 4, С. Ирска 1 бод.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....