Македонија славеше со 2:0 против Ерменија, втора победа во Лига на Нации

Објавено на 09 Септември, 2018 во Вести, Вести


Македонската А репрезентација со 2:0 ја победи Ерменија во вториот натпревар од Д групата во Лига на Нации. На Националната арена „Филип Втори“ во Скопје, нашата селекција славеше со головите на Езџан Алиоски во 13. минута од пенал и капитенот Горан Пандев во 59. минута.

Во 13. минута, австрискиот судија Шутебгрубер покажа на белата точка, oткако Пандев беше влечен и срушен во казнениот простор. Најстрогата казна ја реализира Алиоски и Македонија поведе со 1-0.  

Во 33. минута, Енис Барди се закани од слободен удар, а десетина минути подоца повторно од слободен удар го принуди Аирапетјан со парада да избие во корнер.

Во продолжението Ерменија прва се закани по нашиот гол, но ударот на Гаризиан заврши во блокот. Во 50. минута Ристевски погреши, но Барсегјан не додаде точно до Адамјан и Ерменците прокоцкаа голема шанса за израмнување.

Во 58. минута нововлезениот Трајковски убаво мина по десната страна и центираше по земја, а Горaн Пандев од неколку метри со десната нога ја втурна топката во ерменската мрежа. Нашиот капитен го постигна 32. погодок во репрезентативниот дрес.

Во второто полувреме Ангеловски го замени Пандев и му даде 20-тина минута на Илија Несторовски. Во 71. минута Ерменците ја имаа најзрелата шанса, но ударот на Газарјан заврши во дирекот. Три минути подоцна, Ангеловски го повлече Барди и му даде можност на Николов. Фудбалерот на Видеотон имаше одлична можност, но ударот по земја заврши крај дирекот на Аирапетјан. На крајот победа од 2-0 и втора радост за нашата најдобра селекција во Лигата на нации. 

Македонија со максимални шест бодови е лидер во групата. 





   
   
А репрезентација