Македонија славеше против Летонија

Објавено на 05 Април, 2024 во Вести, А репрезентација жени

Женската репрезентација славеше во воведното коло од Лига на нации против Летонија на гости.

Македонската А женска репрезентација славеше победа од 4:3 против Летонија на гостувањето во Рига.
Во деби натпреварот на селекторот Александар Андов, нашата најдобра женска селекција се радуваше на првата победа на стартот од изданието на Лига на нации.
Македонија постигна три голови по првото полувреме за наше водство од 3:1, откако во 7. минута Миксоне го даде водечкиот погодок за Летонките.
Гентјана Рочи во 17. минута израмни на 1:1, следуваше автогол на домаќинките, а Наташа Андонова во 32. минута погоди за 3:1. Четвртиот гол за нашата селекција го постигна Милевска во 69. минута за 4:2. Конечниот резултат беше поставен во 76. минута. 



   
   
А репрезентација