Објавено на 19 Ноември, 2019 во Вести, Вести
Македонија со победа од 1:0 против Израел ги заврши квалификациите на третото место за ЕВРО 2020. За нашиот најдобар национален тим пласманот е најдобар во историјата во квалификации за големо натпреварување.
Македонија вечерва на Националната арена одигра одлично, создаде многу шанси, постигна еден гол на Бобан Николов во 45+1 минута, сосема доволно за победа за крај.
Почнавме одлично. Уште во првите две минути Барди и Елмас имаа убави шанси за водство. Штета, со тој ран гол ќе ги „скршевме“ гостите уште на стартот. По таа офанзива потоа следуваше смирување на играта, Израел како да извлече од мала криза. По една куса пауза, во 17. минута Костадинов имаше убава шанса, па потоа во таа 37. минута Барди со „бомба“ ја стресе пречката, Го чекавме голот, а тој дојде во 45+1, кога Николов по една мешаница успеа „отпадокот“ да го претвори во гол и радост на Арената.
Вториот дел во убава прилика беше Влатко Стојановски, но за малку не успеа да реализира. На спротивната страна Димитриевски беше на висина на задачата откако Наткхо силно биеше кон нашиот гол. Следуваше период на доминација на македонските фудбалери, имавме неколку шанси за 2:0, но не успеавме да реализираме. Костадинов ја имаше последната убава прилика за удвојување на предноста.
МАКЕДОНИЈА - ИЗРАЕЛ 1:0 (1:0)
Национална Арена “Тодор Проески“. Гледачи: 7.000. Судија: Паоло Валери (Италија). Стрелци: Николов 45+1. (МАК). Ж. Картони: Барди, Николов (МАК), Глазер, Саба, Менахем, Дабур (ИЗР).
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Ристовски, Муслиу, Велковски (72. Зајков), Ристевски, Костадинов, Николов, Барди, Пандев (79. Аврамовски), Елмас, Стојановски (63. Несторовски)
ИЗРАЕЛ: Харуш, Тиби, Битон, Глазер, Даса (41.Дгани), Елмкиес (59. Хазиза), Наткхо, Менахем, Дабур, Захави, Саба (68. Вајсман).
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....