Македонија славеше победа со 2:0 над Молдавија во последното коло на квалификацискиот турнир во Драч

Објавено на 25 Октомври, 2022 во Вести, До 17 год жени


Младата женска репрезентација на Македонија до 17 години со победа и освоено прво место го заокружи квалификацискиот турнир во Драч во рамките на лигата Б за пласман на Европско првенство 2023 година што ќе се одржи во Естонија.

Во последното коло, селекцијата предводена од Катерина Милеска успеа да слави победа со 2:0 над Молдавија.

Нашите млади фудбалерки во последните 10 минути успеаа да го скршат отпорот на противникот. Ибраими во 79. минути сосема заслужено успеа да ја доведе во предност Македонија од 1:0. Три минути подоцна Илиевска ги постави конечните 2:0

Во вториот натпревар од нашата група, Косово забележа нова убедлива победа со 6:0 над домаќинот на турнирот, репрезентацијата на Албанија.




   
   
А репрезентација