Македонија славеше голема победа од 5-0 против Ерменија во Ереван

Објавено на 11 Ноември, 2021 во Вести, Вести


Македонската А репрезентација одигра перфектен натпревар против Ерменија на гостински терен. Славевме со 5:0 и во последното коло од квалификациите за СП 2022 против Исланд сами решаваме за место во баражот за мундијалот во Катар. Исланд остана непоразен во Романија и по 9. кола, Македонија е на второто место во групата.

Енис Барди одигра прекрасен натпревар во Ереван. Нашиот капитен постигна хет-трик. Александар Трајковски го отвори резултатот, а на погодок се радуваше и Милан Ристовски.

Нашата селекција целосно доминираше против Ерменија. Во 22. минута, Стефан Ашковски брилијантно мина низ неколку противнички фудбалери, асистираше до Трајковски за водство на Македонија. 
До полувреме ја удвоивме предноста со голот на Барди. Фудбалерот на Леванте прекрасно шутираше од дваесетина метри за 2:0. 

Во 66. минута, Хамбаѕумјан направи фаул над Барди во шеснаесетникот, судијата досуди пенал, а Барди беше непогрешлив за 3:0.

Милан Ристовски во 79. минута донесе убедливи 4:0, а во последната минута, Барди реализираше втор пенал за конечни 5:0. 
Во селекцијата на Македонија дебитираа Јани Атанасов и Тодор Тодоровски. 




   
   
А репрезентација