Македонија претрпе минимален пораз од Шпанија

Објавено на 09 Септември, 2015 во Вести, Квалификации ЕУРО 2016

А репрезентацијата на Македонија доживеа минимален пораз од Шпанија, но одигра одличен натпревар. По еден центаршут на Мата од десната страна, Томе Пачовски несреќно интервенираше и постигна автогол во 8. минута од средбата.

Нашата селекција претпре пораз со 1:0 од Шпанија во осмиот натпревар од групата Ц во квалификациите за Европското Првенство 2016 што ќе се одржи во Франција. Македонија одиграа одличен натпревар против силната селекција на Шпанија, беше рамноправен противник во сите 90. минути. Одлични можности за постигнување на гол кај нас не искористија Хасани и Петровиќ, додека најдобрата шанса кај противникот ја имаше Карвахал кон крајот на првиот дел.

„Верувам дека уживавте во натпреварот. На најдобар начин ја покажавме енергијата  и карактерот на тимот. Не можеме да бидеме задоволни од резултатот затоа што загубивме, но со сè останато сме задоволни. Загубивме на несреќен начин, се случуваат и такви голови. Можевме и да изедначиме, но немавме среќа. Повикавме четири играчи од младата репрезентација. Моравме да го почитуваме фактот што и таа генерација има квалификации, тоа е иднината на македонскиот фудбал. Радески морам да го пофалам заедно со Брдаревски, Ашковски, Барди носат квалитет - изјави селекторот на Македонија, Љубинко Друловиќ.

Македонија - Шпанија 0:1 (0:1)

МАКЕДОНИЈА: Пачовски, Брдаровски, Ристевски, Шиков, Жута, Петровиќ, Глигоров, Ашковски (76’ Барди), Хасани, Радески (85’ Ибраими), Ивановски (68’ Трајковски).

ШПАНИЈА: Де Хеа, Карвахал, Пике, Рамос, Бернат, Бускетс, Мата, Казорла (68’ Коке), Силва, Иско (78’ Иниеста), Коста (60’ Алкасер).





   
   
А репрезентација