Објавено на 27 Мај, 2014 во Вести
Камерунскиот голман Нду на брилијантен начин спречи погодок за Македонија по ударот на Илијоски и израмнување на 1:1.
Првото полувреме го одигравме без големи осцилации, бевме трпеливи и добро организирани во дефанзивниот ред, а преку Александар Трајковски, кој играше на позиција последен играч за врска се обидовме да го загрозиме голот на Камерун, но неговиот удар беше непрецизен.
Чупо-Мотинг немаше среќа да реализира за Камерун во првото полувреме, неговиот удар во 16 минута ја погоди рамката од голот на Пачовски. Во првиот дел, Камерун не направи нова посериозна шанса за погодок и покрај тоа што поради повреда Горан Попов мораше да ја напушти играта во 26 минута.
По седум минути во второто полувреме, Камерун се радуваше на погодок. Пјер Вебо на прекрасен начин ја искористи одбиената топка по ударот на Олинга и му донесе водство на својот тим од 1:0. Вториот погодок за конечна потврда на победата на Камерун го постигна Чупо-Мотинг во 84 минута. Нашата репрезентација не искористи нова шанса за гол преку Адис Јаховиќ во 86 минута, по центаршут на Георгиевски неговиот удар со глава беше непрецизен.
Камерун имаше добра прилика и за трет гол, меѓутоа Пачовски феноменално го одбрани ударот на Идрису во последната минута од натпреварот.
КАМЕРУН - МАКЕДОНИЈА 2:0 (0:0)
(Вебо 52’, Чупо-Мотинг 84’)
КАМЕРУН: Ндјог (46’ Нду), Матип, Ноукеу (74’Нкулу), Бедимо, Џежу, (74’ Нјом), Сонг ,Н’Гуемо,Еноу (86’Седрик), Чупо –Мотинг, Олинга (80’ Муканџо), Вебо (52’ Идрису)
Селектор: Волкер Финке
МАКЕДОНИЈА: Пачовски, Попов(Цуцули 26’), Ристевски, Грнчаров, Тодоровски(Георгиевски 85’), Спировски, Бабунски(Илијоски 58’), Абдурахими(Сулејманов 58’), Ибраими(Велкоски 58’), Трајковски, Тричковски(Јаховиќ 58’)
Селектор: Бошко Ѓуровски
-Камерун беше фаворит и го потврди тоа со победата на денешниот натпревар. Во првото полувреме одигравме квалитетно во дефанзивниот ред, не му дозволивме на противникот да создаде шанси, во одредени ситуации ние мора побрзо да се ослободуваме од топката кога е во наш посед, да ја користиме секоја прилика или полу шанса. в