Објавено на 16 Октомври, 2018 во Вести, УЕФА Лига на Нации
Македонската фудбалска репрезентација го претрпе првиот пораз во Лига на Нации откако загуби со 4:0 на гостувањето кај Ерменија. Неочекувано висок пораз за нашата селекција, но мора да се потенцира, во најмала рака чудниот критериум на судијата на мечот кој не досуди чист пенал над Бради, а не ја санкционираше ниту грубата игра на домаќинот.
Противникот го отвори натпреварот со офанзивно темпо и постојано инсистираа на остра игра на секој дел од теренот. Во почетните минути Муслиу успеа да блокира еден противнички напад откако убаво се постави во моментите кога домашните се најдоа во изгледна ситуација. Изгледаше дека добро се браниме и не му дозволувавме на противникот да се доближи до нашиот гол, меѓутоа во 12. минута Димитриевски не беше најдобро сконцентриран по ударот на Пицели, топката му се лизна од раце и заврши зад гол линијата за водство од 1:0 на домашните. Одговоривме со напад од кој најветувачка беше акцијата на Барди и Пандев, а откако капитенот убаво асистираше, Барди беше грубо фаулиран од зад грб во ситуација еден на еден со противничкиот голман.
Залудни беа протестите на нашите играчи и наместо пенал добивме жолти картони за Пандев и Ристовски. До крајот на првиот дел немаше промена и на полувреме заминавме со негатива од еден гол.Вториот дел го почнавме со офанзивна поставеност која ни донесе неколку игледни прилики за гол. Најпрвин Трајковски беше соборен од противничкиот голман во нова сомнителна ситауција, но пак немаше пенал. Ерменија можеше да дојде до вториот гол кога Мкихтаријан во 56. минута биеше во пречка, а на другата страна се наредија три наши шанси од кои можевме и требаше да израмниме. Во 60. минута домашниот голман Аирапетијан го одбрани обидот на нововлезениот Елмас, а три минути подоцна се изтакна со добра интервенција после слободниот удар на Барди. Домашните ги одржа во игра нивниот голман кога во 65. минута реагираше прекрасно по ударот на Трајковски, а тоа се покажа решавачки две минути подоцна кога ерменците ги казнија нашите промашувања. Лошо почнавме акција по гол аут подарувајќи им ја топката на противниците, а Мовсисјан пласираше за 2:0. Се обидовме да реагираме откако беа направени три измени, меѓутоа со нов гол во нашата мрежа победникот беше решен. Гхазаријан биеше од слободен удар во 81. минута, а Димитиревски не успеа да ја скроти топката и веќе резултатот гласеше 3:0. Во последните секунди од мечот домашните погодија за 4:0 преку Мкихтаријан. Предходно поради втор жолт картон исклучен беше Елмас.
Ова беше прв пораз на нашата решрезентација во Лига на Нации каде остануваме лидери на групата.
ЕРМЕНИЈА-МАКЕДОНИЈА 4:0 (1:0)
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Зајков, Ристевски, Адеми, Муслиу, Барди, Алиоски, Трајковски, Пандев, Ристовски, Сировски.
Играа уште: Елмас, Несторовски и Хасани.
Селектор: Игор Ангеловски
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....