Македонија одигра нерешено против Бугарија во Разград

Објавено на 02 Јуни, 2022 во Вести, Вести


Македонската А репрезентација одигра 1:1 против Бугарија на првиот натпревар од групата 4 во Ц сегментот од Лига на нации. 

Нашата селекција доминираше во текот на натпреварот, создаде неколку одлични прилики, но Бугарија од единствената шанса постигна гол за нерешен резултат во Разград. 

Милан Ристовски го даде голот за Македонија, откако Бугарија по првото полувреме водеше со 1:0. 

Првата прилика ја имаше Дарко Чурлинов во 6. минута. Шутираше, по асистенција од Елмас, но внимателен беше домашниот голман. 

Во 13. минута, Бугарија поведе со 1:0. Кирил Десподов беше стрелец на голот. Лошо реагираше нашата одбрана не успевајќи да го пресечат додавањето на Неделев. Немоќен беше Димитриевски.

Во 21. минута по одлична акција на Елмас и Барди во шеснаесетникот на домашните, Барди од неколку метри шутираше силно, но со глава голманот Вуцов спречи погодок за Македонија. 

Во 41. минута, Елмас шутираше крај голот по нафрлена топка од корнер. Нашата селекција и покрај теренската доминација и неколкуте обиди за гол, на полувреме замина со негатива.

Во второто полувреме, Милан Ристовски во 47. минута го имаше својот прв обид да го загрози голот на домаќините, но внимателен беше Вуцов. 

Во 50. минута, Македонија израмнува на 1:1 со голот на Милан Ристовски. Нашите фудбалери бараа игра со рака и пенал, по шут на Елмас, но откако судијата не се огласи, топката заврши до Милан Ристовски кој погоди меѓу нозете на противничкиот голман за 1-1.

Македонија ја продолжи својата доминација. По еден час игра, Алиоски одлично шутираше од работ на шеснаесетникот, но Вуцов одбрани. 

До крајот од натпреварот, падна ритамот на игра, не успеавме да создадеме права прилика за водечки гол, иако целосно ја контолиравме играта. 

БУГАРИЈА: Вуцов, Дулгеров, Чорбаџиски, Попов, Костадинов, Минчев, Јорданов, Малинов, Краев, Јанков, Стефанов; 

МАКЕДОНИЈА: 1. Столе Димитриевски, 3. Стефан Ашковски, 6. Висар Муслиу, 7. Елиф Елмас, 8. Езѓан Алиоски, 9. Александар Трајковски (46` Бојан Миовски), 10. Енис Барди, 11. Дарко Чурлинов (46` Давид Бабунски), 14. Дарко Велковски (88` Кире Ристевски), 19. Милан Ристовски (72` Дориан Бабунски), 20. Стефан Спировски (72` Бобан Николов); Селектор: Благоја Милевски; 




   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација