Објавено на 14 Октомври, 2020 во Вести
Македонската А репрезентација одигра 1:1 против Грузија во натпревар од 4. коло од Ц цегментот во Лига на нации. Нашата најдобра селекција со освоениот бод на Националната арена „Тодор Проески“ останува на првото место на табелата со ист број бодови, шест, како и Грузија, Ерменија има бод помалку по денешното реми во Талин против Естонија.
Езѓан Алиоски со гол од пенал во судиското надополнување ја спаси од пораз нашата репрезентација, а погодокот добива на вредност со оглед на тоа дека од 67. минута игравме со фудбалер помалку, откако Столе Димитриевски беше исклучен од игра со рака надвор од својот шеснаесетник.
Првата полуприлика за нашата репрезетнација стигна во 31. минута, Пандев се обиде, но неговиот удар Џигаури го изблокира и топката заврши во корнер. Полувремето го завршивме со офанзива, со неколку корнери и удар на Велковски со глава во 42. минута, по корнерот на Алиоски.
Една минута подоцна, по центаршутот на Ристовски, Пандев исто така биеше со глава, Лориа беше совладан, но топката заврши крај неговиот лев дирек.
По паузата, Грузија, имаше две шанси, но Димитриевски имаше добри реакции. Во 54. минута, прекрасен обид за гол имаше Бобан Николов. Нашиот фудбалер шутираше од дваесетина метри, но голманот Лориа одбрани фантастично. Во 68. минута, Македонија остана со играч помалку, затоа што Столе Димитриевски го напушти својот гол, играше со рака надвор од казнениот простор и беше исклучен.
Грузијците ја искористија бројчаната предност и преку Кварашкелија дојдоа до предност во 75. минута.
Во 92. минута пенал за Македонија. Ѓоко Зајков по една мешаница во шеснаесетникот на Грузија беше фаулиран, судија досуди најстрога казна, а сигурен реализатор на пеналот беше Езѓан Алиоски.
Македонија следниот предизвик ќе го има во Грузија во борбата за ЕП на стартот на ноември, а потоа следат две средби од новата сезона во Лигата на нациите, против Естонија (дома) и Ерменија.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....