Македонија на 76. место на ФИФА ранг листата

Објавено на 14 Август, 2014 во Вести

Македонската А репрезнетација е рангирана на 76. место на најновата листа на ФИФА објавена денеска од Светската фудбалска асоцијација.

Најдобриот македонски репрезентативен состав има пад од две позиции во однос на јулското рангирање. Пред нас се Бугарија, Азербејџан, Зелено’Ртските островии Ангола, а позиција зад нас се Бенин, Конго и Австралија.


Белорусија и Луксембург, двете репрезентации со кои се соочуваме во квалификациите за ЕП 2016 се рангирани послабо од Македонија. Белорусија е на 88. место, Луксембург на 109. позиција. Селекцијата на Шпанија со која на 8. септември во Валенсија го отвораме квалификацискиот циклус е седма најдобра репрезентација на светот, Украина е на 22. место, a Словачка на 45. позиција.

На врвот на листата прва е Германија пред Аргентина, Холандија, Колумбија, Белгија, Уругвај, Шпанија и Бразил, Швајцарија и Франција.




   
   
А репрезентација