Објавено на 26 Септември, 2022 во Вести
Македонската А репрезентација е поразена од Бугарија со 1:0 на последниот натпревар во групата од УЕФА Лигата на нации.
На националната арена „Тодор Проески" Македонија уште во 13. минута остана со играч помалку, по директниот црвен картон што го заработи Тодор Тодоровски.
Во 25. минута од средбата, Ристовски имаше одлична шанса, испрати силен удар од дваесетина метри, но гостинскиот голман одлично интервенираше.Бејтулаи имаше добра прилика пред крајот на првиот дел, но неговиот удар со глава беше непрецизен.Во продолжението од средбата, Бугарија во 49. минута доаѓа до предност од 1:0. Стрелец на погодокот беше Деспотов.
Алиоски на два пати се закани по голот на Бугарија, но без посериозна опаснот по гостинскиот голман. Во 90. минута, Дориев пропушти извонредна можност за Македонија.МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Бејтулаи, Зајков, Муслиу, Тодоровски, Трајковски (Ашковски 23’ – Бабунски 85’), Барди, Елмас, Алиовски, Миовски (Спировски 60’), Ристовски (Дориев 60’);
Селектор: Благоја Милевски;
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....