Објавено на 19 Март, 2015 во Вести, Футсал
Нашите репрезентативци се бореа за убедлива победа, имавме предност од 6-1 на десетина минути до крајот од натпреварот, но несфатливиот пад во играта во последните минути противникот го искористи и на крајот Швајцарија минимално беше поразена со 7-6.
Адријан Мицевски комплетираше хет-трик по само три минути за водство од 3-0. Ликај намали на 3-1, но само неколку секунди подоцна Мартин Тодоровски постигна погодок за нова предност од три гола. Минута подоцна Тодоровски резлизираше по втор пат за убедливи 5-1.
Во второто полувреме Адријан Мицевски даде нов гол за 6-1, а во 32-та минута Марцојанакис намали на 6-2. Со головите на Мато и Арбуд, Швајцарија дојде на минус од само два гола на три минути до крајот на натпреварот. Зоран Левески зголеми на 7-4, но гостите продолжија со иницијатива и со погодоците на Мато и Патера се изборија за минимален пораз од 7-6.
Во последното трето коло на квалификацискиот турнир Македонија игра со фаворитот Шпанија. Шпанците денеска со 5-0 славеа против Унгарија. Пласман на второто место ќе решава гол разликата на Македонија и Унгарија. Унгарија в сабота игра против Швајцарија.