Објавено на 18 Мај, 2025 во Вести
Екипата на Македонија Ѓорче Петров и официјално денеска се врати во Првата македонска фудбалска лига. Со ремито на домашен терен против Беласица, Македонија ЃП заврши шампионатот како прв на табелата и од следната натпреварувачка сезона се враќа во прволигашката конкуренција.
Фудбалерите на Арсими триумфираа на гостувањето кај Вардар Неготино со 4:0 и се пласираа во Првата лига.
Во Штип, дерби мечот му припадна на Башкими со 1:0 против Брегалница.