Објавено на 10 Април, 2019 во Куп на Македонија, Вести
Македонија Ѓорче Петров и Академија Пандев ќе играат во финалето од Купот на Македонија на 22. мај.
Тимот од скопската населба Ѓорче Петров третпат во својата историја ќе игра за титулата во Купот на Македонија, а Академија Пандев за прв пат ќе се бори за насловот од натпреварувањето. „Лавовите“ го освоија трофејот во сезоната 2005/06 по триумфот од 3:2 против Шкендија.
На реванш дуелот против Беласица, Македонија Ѓ.П. славеше со 1:0 и со вкупни 2:0 обезбеди финале. Победничкиот гол, всушност беше автогол на Џонов во 53. минута.
Вториот меч од полуфиналето меѓу Победа и Академија Пандев заврши со позитивен резултат за струмичкиот прволигаш и идентични 1:3 како и пред еден месец во Струмица.
Само три минути беа потребни за да се отвори резултатот. Антонио Каланоски се најде на вистинското место по центаршутот на Асани и со глава ја затресе мрежата на струмичани (1:0).
Само што започна вториот дел, стигна израмнувачкиот погодок. По еден прекршок во казнениот простор, судијата покажа на белата точка и им овозможи на гостинските фудбалери од пенал да стигнат до 1:1. Стоилов беше стрелец на голот. Само неколку минути подоцна, Стојанчо Велинов постигна мајсторски погодок од слободен удар и го комплетираше пресвртот. Точка на натпреварот стави Кристијан Стојкоски, кој ја круниса со погодок асистенцијата на Ацо Стојков за конечни 1:3.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....