Објавено на 02 Декември, 2018 во Вести, Вести
Денеска во Даблин се одржа ждрепката за квалификациите за Европското првенство 2020 година.
Македонија е во групата Г, а наши противници се Полска, Австрија, Израел, Словенија и Летонија.
Натпреварите од квалификациите за континенталниот собир ќе се одиграат во периодот помеѓу март и ноември 2019 година. Првопласираните две репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман на завршниот турнир, кој во 2020 година ќе се одржи во 12 различни земји.
По извлекувањето на групата селекторот на Македонија Игор Ангеловски изјави:
“Мислам дека добивме група во која се наоѓаат релативно израмнети репрезентации. Македонија влегува со нескриени амбиции, а притоа респектирајќи ги сите противници. Македонија не стравува од никого и може да се спротивстави на сите противници, само сплотено, тимски и со огромна поддршка од јавноста. Ние ќе одиме од натпревар во натпревар и се надевам дека ќе стигнеме до крајната цел, а тоа е пласман на Европското првенство. Откако ќе го дознаеме распоредот ќе започнеме со сите потребни активности за анализа и подобра подготовка на квалификациите”.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....