Објавено на 14 Септември, 2015 во До 19 год жени
Избраничките на селекторот Астрит Мерко се во квалификациска група со актуелниот Европски првак Шведска, со Северна Ирска и Црна Гора. Двете најдобро пласирани екипи од овој турнир ќе обезбедат пласман во елитната фаза на квалификациите која ќе се одигра на пролет во 2016 година.
Подготвки за ова натреварување се одржаа во периодот од 11 до 14 септември, а претходно репрезентивките имаа мини подготвки во периодот од 17 до 20 август во Дојран.
Имаме исклучително силна група. Тука е европскиот шампион до 19 години, селекцијата на Шведска. Според квалитетот и рејтингот тие се најголеми фаворити за освојување на првото место. Нашата шанса се натреварите со Северна Ирска и Црна Гора. Се надевам дека повредата на нашата најдобра фудбалерка Симона Крстановска ќе биде надоместена со заеднички сили. – истакнува селекторт Астрит Мерко.
За оваа репрезентивна акција , селекторот Астрит Мерко ги повика следните фудбалерки:
Голмани: Викторија Панчурова- ЖФК Тиверија, Магдалена Лековска-ЖФК Топ Гол
Одбрана: Даниела Велеска- ЖФК Топ Гол, Дијана Христовска-ЖФК Истатов, Стефани Скерлевска- ЖФК Кочани, , Александра Поповска-ЖФК АЦТ Јунјатед, , Тамара Јанкоска- ЖФК Топ Гол
Среден ред: Александра Марковска-ЖФК Спартак (Србија), Наталија Стојчевска- ЖФК Топ Гол, Павлина Николовска-ЖФК Тиверија Струмица
Напад: Александра Симоноска- ЖФК АЦТ Јунајтед, Ане Бошеска- ЖФК Топ Гол, Весна Танеска- ЖФК АЦТ Јунјатед, Елена Петровска-ЖФК Истатов , Бојку Шкипе- ЖФК АЦТ Јунајтед, Сара Хусеин-ЖФК Топ Гол, Глорија Каровска-ЖФК Речица
Натпреварите ќе се одиграат со следниот распоред:
ФФМ тренинг центар |
Северна Ирска – Црна Гора |
15.09.2015 |
11:00 часот |
ФФМ тренинг центар |
Шведска – Црна Гора |
17.09.2015 |
11:00 часот |
ФФМ тренинг центар |
Северна Ирска - Шведска |
20.09.2015 |
11:00 часот |
Стадион Борис Трајковски |
Шведска - Македонија |
15.09.2015 |
11:00 часот |
Стадион Борис Трајковски |
Македонија – Северна Ирска |
17.09.2015 |
11:00 часот |
Стадион Борис Трајковски |
Црна Гора - Македонија |
20.09.2015 |
11:00 часот |