Објавено на 17 Септември, 2018 во До 17 год жени
Во периодот од 20. до 26. септември, 2018 година Македонија е домаќи на квалификацискиот турнир за жени до 17 години. Во нашата група 10 се најдоа уште и репрезентациите на Франција, Унгарија и Босна и Херцеговина.
Сите натпревари од групата ќе се одиграат на ФФМ тренинг центарот Петар Милошевски, со следниот распоред:
20.09.2018 г. - четврток
11.00 ч. Босна и Херцеговина - Унгарија
15.30 ч. Франција - Македонија
23.09.2018 г. - недела
11.00 ч. Франција - Босна и Херцеговина
15.30 ч. Унгарија - Македонија
26.09.2018 г. - среда
15.30 ч. Македонија - Босна и Херцеговина
15.30 ч. Унгарија - Франција
Очекуваме пред се добра и ангажирана игра на нашите репрезентативки со тоа, се разбира и добри резултати. Сакам да напоменам дека пред овој финален собир имавме подготовки во Дојран се со цел што подоборо и поподготвени да влеземе во овој квалификациски циклус. Се надевам на добра игра и на добри резултати. - изјави селекторот Тоше Нацев
За овој квалификациски турнир повикани се следните фудбалерки:Апостолова Ана-Голман (ЖФК Кочани), Колевска Верица-Голман (ЖФК Топ Гол), Икметe Лимани (ЖФК Тиверија), Ристевска Ивана (ЖФК Топ Гол), Јанковска Теодора (ЖФК Топ Гол), Недева Викторија (ЖФК Тиверија), Божиновска Теа (Тиверија), Јавашева Ана (ЖФК Борец), Велкова Сара (ЖФК Тиверија), Бошкова Елена (ЖФК Тиверија), Паневска Елена (ЖФК Тиверија), Николовска Теодора (ЖФК Тиверија), Миленковска Андреа (ЖФК Топ Гол), Петревска Стефанија (ЖФК Саса), Нешковска Ана (ЖФК Топ Гол), Цоклеска Оливера (ЖФК Ас Јунајтед), Јанева Драгана (ЖФК Борец), Карпузова Данче (ЖФК Тиверија), Милчевска Ана (ЖФК Истатов), Јахји Анида (ЖФК Тетова 2017).
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....