Македонија до19 години одигра 1:1 против фаворизираната Хрватска на квалификациите за Елитна фаза

Објавено на 14 Ноември, 2018 во Вести


Во првиот натпревар од квалификациите за пласман во елитната рунда за ЕП, македонската репрезентација за играчи до 19 години ремизираше 1:1 против селекцијата на Хрватска. Веднаш во првата сериозна шанса на нашата селекција, Бериша убаво го пронајде Чурлинов кој од непосредна близина стрелаше за водство и голема радост во 11. минута од средбата. Во 22. минута опасна акција на Хрватите, Батурина шутираше, но внимателен беше Јакимовски. Уште една шанса имаа хрватските фудбалери во 30. минута преку Чолина, но повторно добро интервенираше нашиот репрезентативен чувар на мрежата. Во 55. минута следуваше израмнување, по корнер изведен од страна на Булат, најснаодлив беше Шутало. Во 68. минута Колевски се најде во прилика да донесе нова позитива, но безуспешно. 

Следниот меч нашата селекција ќе го има на 17. ноември против домаќинот Чешка. 

Македонија: Јакимовски, Ивановски, Антовски (Димов 71'), Симоновски, Наумчески, Османоски (Ферари 90+4'), Чурлинов, Колевски (Ѓоргиевски 84'), Бериша (Али 71'), Наумоски (Мухарем 90+4'), Фазлагиќ.



   
   
А репрезентација