Објавено на 14 Ноември, 2024 во Вести, До 21 год
Младата репрезентација на Македонија до 21 година загуби со 3:1 на домашен терен од соодветната селекција на Косово во рамките на првата контролна пресметка помеѓу овие две селекции.
Избраниците на селекторот Драги Канатларовски одлично го започнаа мечот и сосема заслужено рано во 16. минута поведоа со 1:0. Стрелец на погодокот беше Никола Величковски. Во 29. минута, Арјанит Фазлија стрелаше за изедначување на резултатот.
Во 66. минута, Косово преку Куртиши прави комплетен пресврт и доаѓа до предност од 2:1. Куканај ги поставува конечните 3:1.
Македонија и Косово ќе одиграат уште еден контролен натпреваро во Скопје, на 17. ноември.
Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...
Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....