Објавено на 23 Март, 2023 во Вести, До 21 год
Младата репрезентација на Македонија до 21 година забележа пораз од Летонија на контролниот дуел одигран во Белек, Турција.
Избраниците на селекторот Драги Канатларовски беа убедливо поразени со 3:0.
На денешната средба двоен стрелец беше Кристофер Рекис, а еден погодок беше дело на Артјомс Пузиревскис.
Нашите млади фудбалери во првиот дел имаа посед на топка,напаѓаа, но немаа одговор на добро поставената одбрана на Летонија. Противникот се бранеше одлично во текот на сите 90. минути и максимално успеа да ги искористи нашите грешки во одбраната. Имавме неколку добри закани кон голот на противникот, но без реализација. Лука Станковски во првото полувреме ја имаше најдобрата прилика за Македонија, во вториот дел се закани и Берат Калкан по голот на Летонија.
Пузиревскис во последните минута од првиот дел го искористи нашето невнимание во одбрана и успеа да го отвори резултатот.
Рекис во 69. минути погодува за 2:0. Истиот играч во 83. минута ги постави конечните 3:0.
Македонија: Иван Николоски, Михаил Димитриевски, Андреј Стојчевски, Имран Фетаи, Виктор Крстевски, Мартин Талаков, Иван Николов, Хамза Рамани, Берат Калкан, Лука Станковски, Марио Илиевски;
Селектор: Драги Канатларовски;