Македонија до 21 славеше во Ереван против Ерменија

Објавено на 12 Октомври, 2021 во Вести, До 21 год


Македонската репрезентација до 21 година славеше победа од 2:1 против Ерменија во Ереван, во натпревар од квалификациите за пласман на Европско првенство 2023.

Тешко издвојувана победа и важни три бода за тимот на селекторот Драги Канатларовски.

Нашите избраници одлично го отворија натпреварот и со силно темпо и пресинг ѝ создадоа многу проблеми на домашната одбрана. Македонија заслужено дојде до предност од 1:0 во 23. минута, одличниот центаршут на Антовски го искористи Ѓорѓиевски кој постигна прекрасен гол со глава. Ѓорѓиевски се најде во уште една одлична можност, но овој пат домашниот голман добро интервенираше.

Во продолжението, Македонија продолжи со офанзивна игра. Рустемовски имаше одлична можност да погоди, но немаше среќа. Македонија преку Максимов успеа да поведе со 2:0 во 82. минута. Домаќините до крајот на натпреварот успеа само да го ублажат поразот преку Григорјан.

Македонија: Денковски, Младеновски, Манев, Шеји, Хајдари (Ѓурковски), Воша (Скендери), Адем, Гроздановски, Антовски (Максимов), Рустемовски (Станковски), Ѓорѓиевски (Илиевски); 



   
   
А репрезентација